Повторно надминат прагот за информирање поради загадениот воздух во Велес

Петар Печков

Продолжува високата загаденост  на воздухот во Велес. Шест од седум дена во новата 2025 година има загадување над граничната вредност од 50 мг/м3. Пет дена е над 100 микрограма на метар кубен на ПМ10 честичките.

Општина Велес како и пред четири дена, кога имавме три дена со високи вредности на 30 и 31 декември и 1 јануари, така и денес среда 8 јануари со препораки  до граѓаните, оти 5 и 6 јануари имаше вредности над 100 мг/м3, со што е надминат прагот на информирање.

„Граѓаните да не излегуваат претпладне и доцна попладне на отворено, да не се спортува на отворено, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво. Возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да се користи јавниот превоз“- соопштија од Општина Велес.

Мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање,  за деновите 05 и 06 јануари 2025 година измери концентрации од 101,95 μg/m3, односно 100,68 μg/m3.

Високите концентрации започнаа на истекот на минатата година а продолжуваат и во првите денови на новата година и се движат до 115 мг/м3.

Мерниот инструмент на Министерството за животна средина, кој ги покажува среднодневните вредности е лоциран во дворот на градинката во населбата Тунел.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати