Петар Печков
Објавено: сабота, 04 јануари 2025
Продолжува високата загаденост на воздухот во Велес. Пет дена е над 100 микрограма на метар кубен на ПМ10 честичките.
Општина Велес веќе излезе со препораки, граѓаните да не излегуваат претпладне и доцна попладне на отворено, да не се спортува на отворено, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво.
Високите концентрации започнаа на истекот на минатата година а продолжуваат и во првите денови на новата година и се движат до 115 мг/м3.
Мерниот инструмент на Министерството за животна средина, кој ги покажува среднодневните вредности е лоциран во дворот на градинката во наслебата Тунел.