Градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, добитник на наградата за библиотека за 2024 година

Петар Печков

Велешката библиотека „Гоце Делчев“ е добитник на годишната награда за јавна библиотека на Македонија за 2024 година. Комисијата образложи дека  библиотеката лани го популаризирала библиотечното работење, користјќи ги социјалните мрежи, медиумите,  го зголемува библиотечниот фонд,  отвора нови услуги за корисниците, има бројни образовни програми, културни и јавни активности.

„Признанието е мотив да продолжиме и натаму со нашата ангажираност, нашите активности. Вложивме многу за да ја зголемиме љубовта кон читањето книги, организиравме работлници за деца, промоции на книги, на автори од Макдонија но и странство, мноштво други нстани. Читатели ни се најчесто повозрасната група граѓани. Не се откажуваме од помладите, правиме се да го подигнеме аинтересот кај нив. Библиотекта не е само позајмна служба за книги, туку стана културно собиралиште каде се случуваат бројни настани од повеќе уметности, културни и  образовни“ – рече Снежана Бошевска директорка на велешката библиотека.

Во категоријата високошколски библиотеки, признанието го доби библиотеката „Макс ван дер Штул“  при Универзитет на Југоисточна Европа од Тетово, во категоријата библиотеки при училишта ја доби ОУ „ Никола Карев“ од Кочани.


Националната и Универзитеска библиотека „Св. Климен Охридски“ (НУБ) од Скопје е добитник на Почесното признание, плакета на Здружението на библиотекари на Македонија. Тоа  е доделено за профезионализмот, посветеноста и придонесот за развојот на библиотекарската дејност и нејзина афирмација, но и за  поддршката на научно истражувачката дејност и културниот живот во земјата, е образложението на комисијата, зошто НУБ е добитник.

„Ова признание  не е само за библиотеката, туку за целиот колектив кој сите години минал низ неа. Лани одбележавме осум децении од именувањето на првиот директор на библиотеката во слободна Македонија, тоа е велешанецот Ѓорѓи Шоптрајанов и драго ми е што признанието го добивам во неговиот роден град Велес. Што се однесува за корисниците, после короната, тој број е во постојано зголемување. Пробавме да се модернизираме, оти само хартиена форма на книга не се користи толку, се бара и електронски варијанти, дигитална верзија, онлајн пристап. Корисниците се студенти, научно-истражувачки рааботници, постдипломци, магистри, универзитетски професори“ – кажа Јовица Ничевски, директор на НУБ Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати