Петар Печков
Објавено: четврток, 20 ноември 2025
Добитник на Гран При на 58 Детски Рацинови средби е Ефимија Новаковска ученичка од 9 одд. при ОУ Владо Катранџиев од Гевгелија. Таа е добитник на наградата од меѓународниот литературно –ликовен конкурс на тема „Кога денот од стих се раѓа“. На него учестувале 1.172 труда на ученици, основци и средношколци од Македонија но и Хрватска и Србија. Првата награда на овој конкрус за литературна творба за Клара Ѓуровска од Гимназијата ,,Јосип Броз - Тито'' – Скопје и Лена Млакар - Карловачка филолошка гимназија - Инџија Србија.
ИКТ Проект најдобра компјутерска обработка наставник Елена Гуновска ОУ „Васил Главинов“ Велес, најдобро сценарио наставник Веселинка Каламадевска ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово, прва награда наставник Виолета Трпевска ОУ „Св. Климент Охридски“ Драчево.
На ликовен конкурс за ученици од прва до четврта година прва награда за Емили Исакоска од „Јахја Кемал Колеџ“ Гостивар. За ученици од шесто до деветто одделение прва награда за Христина Здравковски осмо одд. ОУ „Блаже Конески“ Велес
Организатор на 58-те Детски Рацинови средби беше МДПС „Премиера“ со делегирана андлежност од Општина Велес. Таа и финансиски ја поддржа манифестацијата заедно до Министерството за култура.
