За 1 мај и во градот и излетничките места собрани големи количества отпад

Петар Печков

Велешани за првомајските празници зад себе оставиле големо количество смет. Според податоците од ЈКП Дервен, сектор комунална хигиена, следните денови кога  се собирал сметот, биле  прибрани  четири камиони отпад од локациите Долна Бабуна и езеро Младост, три од Бабуна и еден од Младост.  

За овој ден 1 мај  и комуналниот смет, собран од подрачјето на град Велес покажал високи бројки. Ако вообичаено дневно од градот се собирало 240  метри кубни, за Први мај, поточно ден потоа биле собрани 280 м3 што е за шестина повеќе од претходно. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати