Игор Џамбазов со Гуру Харе, со партизанската песна „Во борба“ и настап на Спомен Костурницата, го честиташе 11 октомври (фото)

Петар Печков

Со  песната „Во борба, во борба, Македонски народе“ Игор Џамбазов и Гуру Харе го честитаа празникот  11 октомври, денот на востанието на Македонскиот народ, на единствен и оригинален анплаг концерт. Тој се одржи на платото пред Спомен Костурницата во Велес. Со  изборот од десетина партизански песни, на полчасовниот концерт,  Игор и Харе ги освоија присутните и им оддадоа почит на повеќе од 20 илјади загинати партизани во НОБ од Македонија.  

На концертот, кој беше мултимедијален настан,   настап имаа и актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновска. Тие како модератори  говореа за НОБ и за Спомен Костурницата од Велес, која е отворена пред 45 години.  Актерката Камка кажа дека нејзината баба, по која таа го носи името, е почината како партизанка и е погребана со останатаните жртви од фашизмот во велешката Спомен Костурница, каде внуката  актерка имаше настап.

Гледачите за да го следат настанот, требаше да се искачат по 187 скалила од платото до Спомен Костурницата.

Настанот заврши со ДЏ сет каде исто така се пуштаа македонски партизански песни. Организатор на настанот беше „Терапија“ која претходно организираше слични настани во Македониумот во Крушево, за земјотресот  и во Поштата во Скопје.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ФАРМАЦЕВТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Фармацевт во оддел за обезбедување на квалитет Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА АСИСТЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Асистент за контрола на квалитет

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати