Рекордна пита пастрмајлија од 4,20 м се подготви на Питијадата, се изеде за 11 минути и се собраа 16 илјади денари (фото видео)

Петар Печков

За 11 минути се потроши џиновската пита пастрмајлија, која мајсторите од пекарата „Гемиџии“ од Велес, ја подготвуваа 6 часа. Од година во година џиновската пита на Питијадата во Велес е се со поголеми димензии, мајсторите велат најголема во Македонија.

„Пред две години беше точно 4м. Лани 4,м10 м а годинава 4,20. За нејзина подготовка беа употребени 15кг брашно, 330 јајца и 40 кг месо. Ставивме и пастрма, сушено овчо месо, доста засолено,  да се знае зошто е пастрамлија. Пастрмалијата ја донираме за хумантарани цели, ја подготвуваме за народот, за манифестацијата, да биде еден убав настан. Годинава ја работеа осум мајстори, 6-7 часа“ –кажа Александар Јамалов, сопственик на пекарата Гемиџии.

Мајсторијата како се подготува толку голема пастрмалија, мајсторите не ја откриваат. Велат дека догодина ќе подготват уште поголема. Прашањето е има ли граница до која може да ја подготват и испечат.

„Има граница, но се обидуваме да ја развлечеме. Има марифет за печењето, не го откриваме, кога ќе дојде време, ќе ве поканиме да гледате како тоа се работи, како ја печеме. Сите не` прашуваат како ја печеме, тоа е наша мала тајна“- додаде Јамалов.

Од продажбата на џиновсакта пита, која беше хуманитарна, волонтерите на Црвениот крст од Велес собраа 16 илјади денари.

Меѓу тие што добија парче пита и донираа пари, беа премиерот Христијан  Мицкоски, министерот за култура Зоран Љутков, градоначалникот на Велес, Марко  Колев и на Кавaдaрци Митко Јанчев.  Собраните пари  се наменети за лекување на велешанката Ивана Милошевска.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ФАРМАЦЕВТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Фармацевт во оддел за обезбедување на квалитет Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА АСИСТЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Асистент за контрола на квалитет

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати