Изложба на скулптури од Илчо Стојановски (фото)

Петар Печков

 Во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на дела на скулпторот Илчо Стојановски. Тој пред јавноста од родниот град се престави со 22 скулптури, работени во дрво, создадени во последните 15 години работа.   Стојановски,  средно уметничко училиште завршил во Скопје.  Дипломирал на ФЛУ Скопје- дипломиран вајар, отсек керамика во класа на проф. Драган Поповски -Дада.

Повеќето дела, скулптури со кои се претставувам се изработени од дрво. Тоа  мој период кој сега го работам, кога од материјалот одземам негов дел и создавам нов живот. Претходно бев во друга фаза, моделирање, кога на материјалот додавав и одземав, работев со глина  - рече Стојановски.

Поради состојба со ковид заразата, отворањето беше без присуство на јавноста, но посетителите можат од денес да ја посетат. Стојановски  е професор по ликовно образование,  работи во ОУ Св. Кирил и Методиј. Изложбата  во Велес е негова втора самостојна во родниот град.  Негови дела  меѓу другите се и  спомен бистите на Ѓоре Органџиев - изработена за Општина Велес,  на Св. Кирил и Методиј- изработена за ОУ Св. Кирил и Методиј од Велес и на Крсте Петков Мисирков – изработена за Општина Градско.

Скулптурата е константа во ликовното творештво на Илко Стојановски , но истовремено надополнувајќи се  работи и во други ликовни правци. Тој останува доследен во своето творење и целосна посветеност на скулптурата. Во голем дел е посветено на фигурацијата и реализмот, во првите години од творењето претежно во дрво, медиум кој е природен и отпорен, вткаен во традиционалната македонска уметност уште од копаничарите. Дрвото како негов омилен материјал, чија топлина го инспирира од природниот праоблик, му вдахнува нов живот, останува доминантно иако подоцна  работи и со керамика, стиропор, гипс, мермер - кажа Елица Николова, историчар на уметноста, на отворањето на изложбата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати