Петар Печков
Објавено: четврток, 15 мај 2025
Со светската премиера на фестивалот во Кан, од сабота премиерано во Велес, ќе започне да се прикажува акцијата „Невозмоижна мисија- финална одмазда“ со Том Круз, како Итан Хант, американски акционен шпионски филм. Тој во САД ќе започне да се прикажува една седмица подоцна. Дејството на филмот се одвива по настаните на Невозможна мисија: Одмазда — Прв дел. Итан мора да уништи вештачка интелигенција што може да ја ослаби светската стабилност и да го спречи својот стар непријател Гејбриел. Том Круз 28 години го глуми главниот јунак, кој го спасува светот и стигна до осмото продолжение на „Невозможна мисија“.
Премиера и за хоророт „Последна дестинација, наследства“. Мачена од постојан насилен кошмар, една студентка се враќа дома за да ја пронајде единствената личност што може да го прекине циклусот и да го спаси своето семејство од ужасната судбина што неизбежно ги чека.
Се прикажуваат уште два филма, мегахитот Тандерболти
И Сметковдител 2