Петар Печков
Објавено: вторник, 30 декември 2025
Во Горно Јаболчиште се одржа традиционалната „Компиријада 2023“, првата манифестација “Компиријада” беше во 2010 година. Манифестацијата КОМПИРИЈАДА 2025 е локална манифестација, организрана од локалната власт на Општина Чашка, која обезбедува поддршка и промоција на локалните производители на компир на локално, регионално и индиректно на национално ниво.
„Традиционално, поддршката за оддржување на локална манифестација е придонес кон промоција на локалното земјоделско производство. Ова е егзистенцијален но и дополнителен приход кој го обезбедуваат жителите во Горно и Долно Јаболчиште. Манифестацијата е придонес кон поддршка и промоција на локалните земјоделски производители, нивно вмрежување – мост и мотив за месното население да обезбеди подобар пласман и повисока цена на планинскиот квалитетен компир, сорта агриа, жели, флаура, агаф“ – кажа градоначалникот на Чашка Суат Шаќиров.
Организацијата на локалната манифестација КОМПИРИЈАДА 2025 е во партнерство со ООУ “Лирија” во Горно Јаболчиште, кое има свои подрачни училишта во Долно Јаболчиште и Горно Врановци.
Манифестацијата и оваа 2025 година се одржа во Горно Јаболчиште, каде производителите на компир имаа можност да презентираат свои производи и да направат промоција на традиционалните културно-уметнички вредности карактеристични за ова поднебје. Учениците преку своите семејства беа ангажирани за приготвување на традиционалните специјалитети и обезбедување на дегустација на храна за посетителите на манифестацијата.
фото Општина Чашка
