Лани за полицијата клучна била безбeдноста на школите и учениците

Петар Печков

Образлагајќи ја годишната програма за 2024 година, Ненад Дејаноски в.д. командир на ПС Велес кажа дека примарно за велешката полиција била безедноста на школите и учениците.

„Одржување на јавниот ред и мир, одржување на ниско ниво на криминалитетот, ни беа примарни во работата а клучен приоритет беше безебдноста на училиштета и учениците.  Во овој дел регистирани се само два прекршока. За споредба во 2023 имало пет прекршока. Вкупно пријавнеи прекршока на јавниот ред и мир во Велес се  153, или намалување за 3% во однос на претходната година.  Најмногу се физички напади 60, тепачки 23 ,  што е намалување за 8 % во однос на 2023, нарушување на јавниот ред и мир со карање, дрско однесување и викање имало 27. Има 53  акциско контроли во угостителските објекти каде се регистриани 11 нарушувања, во 2023 имало 23 прекршоци.  Имавме зголемена  контрола  на мерење на бучавата со фонометар, регистиран се само 5 прекршоци, што е намалување за 55 отсто во однос на 2023 година“ – кa\a Дејаноски, пред членовите на Советот на Општината.

Во делот на криминалитетот, лани во велешко немало убиства, како нејтешко дело.

„Имало 510  кривични дела што е намалување за околу 5%  , од нив 405 се од   класичниот криминал, економски криминал се 28 кривични дела,  а 69 се од недозволена трговија со дрога.  поднесени се 342  кривични пријави“ – дополни в.д. командирот на ПС Велес Дејаноски.  

Тој на оваа позиција е од 11.02 со одлука на директорот на бирото за јавна безбедносг, откако дотогашниот комаднир Александар Костов, заминал пензија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати