Лидија Димова нов претседател на Основен суд Велес

Петар Печков

Судскиот совет на денешната седница ја избра судијката Лидија Димова за нов претседател на Основен суд Велес.   Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1983 година, правосуден испит положила во 1985 година. 

Димова е судија во Основен суд Велес е од 1-ви декември 1986-та и работи предмети од граѓанска област,  предмети од интелектуална сопственост, како  и член во совет од петмина во кривични предмети и во кривичен совет.

Таа на оваа функција, претседател на Основен суд Велес, ќе биде наредните четири години. Димова е едукатор и судија со 33 годишно искуство  и е избрана едногалсно. 

Медиумите присутни на седница на Судскиот совет пренесоа дека неговите членови за  судијката  Димова  рекле ,,мора да добие признание за својата досегашна работа“.

За Александар Шопов, досегашниот претседател на Судот во Велес кој исто така беше кандидат, било речено дека ,,е млад и има време да се докаже,,. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати