Македонија освен Охрид има уште еден локалитет под заштита на УНЕСКО, Длабока Река на Кораб

Петар Печков

Македонија има два локалитети кои се под заштита на УНЕСКО. Првиот општо познат е Охрид, а вториот за кој малку се знае е  Длабока Река. Тоа е  река во западна Македонија, лева притока на Рибничка Река, која пак е десна притока на Радика.

Буковите шуми во нејзиното течение се прогласени за светско наследство на УНЕСКО. Извира под високите врвови на Кораб, образувајќи стрмна долина која претставува единственото место со алпска клима во Македонија.

На неа се наоѓа познатиот Корапски Водопад, највисокиот водопад во Македонија од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топењето на снегот.

Реката тече покрај напуштеното село Жужње, па во клисурата под селата Нистрово и Бибање и потоа се влева во Рибничка Река.

На седницата на УНЕСКО во 2021 г. буковите шуми во долината на Длабока Река се прогласени за светско наследство поради нивната недопреност како дел од целината „Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа“. Предлагач на ова подрачје биле Министерството за животна средина и просторно планирање и Националниот парк Маврово.

Во светто актуелни  има 1.223 локалитети во 168 земји под заштита на УНЕСКО, а земја со најмногу е Италија – вкупно 60 локалитети. Кина има само еден помалку заштитен споменик на културата на листата, каде 59 од нив се под заштита на УНЕСКО.

Во Германија има 54, а во Франција 53. Шпанија има 50, Индија 43, а Мексико и Велика Британија заедно со Северна Ирска имаат по 35 културни споменици под најстрога заштита. САД имаат 26 локации под заштита, исто колку и Јапонија, додека Русија има повеќе од нив – 32 и Иран, кој има 28.

Србија има пет локации на листата, исто како БиХ и Словенија од соседните земји, Црна Гора има четири, Хрватска дури десет.
 
Извор и фото  википедија

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати