Маслодајната репка се врати на велешките земјоделски површини

Петар Печков

Маслодајната репка се врати на велешките земјоделски површини, откако  ЕД Вила Зора започна акција  преку оваа култура за чистење на почвата од тешките метали. Индивидуалните земјоделци  од велешко покажале голем интерес,  и за почеток со неа се засадени десет хектари. Заинтересираните индивидуални земјоделци покажале висока свест за деконтаминација на нивните обработливи површини  од оловото и кадмиумот.

Слушнав за проектот на ЕД Вила Зора и решив да се јавам и дадам свој придонес за чистење на земјата. Тоа е обврска на сите нас, кои што имаме површини во околината на градот. Останува сега да чекаме до година, да ги видиме резултатите, колку од тешките метали се исчистени со помош на маслодајната репка – вели Љупчо Николовски.

Неговата површина се наоѓа веднаш до големата депонија со згура.  Оваа есен тој и неколку негови колеги земјоделци  се решија да се вклучат во чистењето на  велешката почва, со помош на ЕД Вила Зора и со засадувањето на маслодајна репка. Стручњаците посочуваат дека таа има голема апсорпциина моќ за тешките метали, со кои прекумерно е богата велешката почва. Репката потоа ќе се преработува и  од неа  ќе се добива био –гориво.

Пријатно сме изненадени од големиот интерес на  велешките земјоделци за засадување на ова индустриска култура. Тие ќе имаат двојна корист, ќе се чистат нивните површини а истовремено нема да се одрази на нивната економска состојба, бидејќи семенскиот материјал и целата реколта им се обезбедени, купени од нас -  вели Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора.

Опремата која ќе ја преработува репката во био – гориво,  е веќе инсталирана во велешката фабрика за масло ,,Благој Ѓорев,,. Во тек било добивањето на дозвола од Министерството за животна средина, за започнување на производството. Екологистите сметаат дека добрите подготовки и едукацијата на земјоделците ги дала резултатите, многумина од нив сакале да се вклучат во проектот на чистење на почвата.

За жал не можевме да набавиме повеќе семе за засадување. Ги купивме последните 80 кг семенски материјал, кој може да се засади на десетина хектари. Дел од земјоделците поради ова моравме да вратиме.  И покрај нашите апели, да се субвенционира одгледувањето на оваа култура, од Министерството  за земјоделие досега не одговорија – вели  Коциќ.

Интерес за садење покажале земјоделци и  од околината на Велес –  од селата Иванковци, Караслари но и  села по течението на Вардар, Градско, Ногаевци. Оловото и кадмиумот, кои неколкукратно повеќе од вообичаените вредности  ги има во велешката почва,  стручњаците ги посочуваат како најотровни и штетни метали по здравјето на луѓето.  Тие преку ланецот на исхраната завршуваат во човекот.Овој проект е комплетно финансиран од Норвешката амбасада во Скопје и засега се обезбедени средства негова примена за три години.

loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати