Мирна новогодишна ноќ во Велес, регистиран само еден инцидент

Петар Печков

Исклучително мирен премин од 2025 во 2026 година. Ова се збирните информации од животот во Велес изминатите 24 часа.

Од велешката полиција  има само една информација. Од велешката полиција има само една информација.  
„На 01.01.2026 во 04:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.Ј.(29 год) од Велес. Претходно, на улица „Димитар Влахов“ во Велес, тој со патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во метална канделабра. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта“. 


Од ТППЕ Велес информацијата дека вчеравер имал една интервеницја до 20 ч. на запален контејнер, кај СИМПО.

Од службата за Итна помош соопштија дека немало посериозни интервенции.

Од Велешката болница со идентична информација. Намало прејадени, алкохолиизрани, повредени во сообраќајки, тепачки.

фото Горан Алексов 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати