Надзорна расправа за аерозагадувањето, мониторинг и инспекција, казни и нулта корупција се клучни за заштита на животната средина

Петар Печков

Меѓу учесниците на надзорната расправа беше Игор Смилев од Здружението „Грин пауер“ од Велес и советник во Општина Велес. Тој  ги наброи локалните проблеми од кои, рече, произлегуваат и глобалните проблеми во екологијата.

Покрај тоа што има само 14 државни инспектори,  Велес како и други општини немаат локален инспектор за животна средина. Велес нема локален инспектор, рече, иако пресушува река Бабуна поради дивоградби и микроклиматските промени и пресушува езерото „Младост“. Според него, и кога има огласи, инспектори не се јавуваат „затоа што тоа значи пресметка со локалната еко мафија“.

Смилев соопшти и дека наместо две кои постоеле претходно, сега во Велес има само една државна мерна станица за мерење на загадувањето. Од 365 дена во годината, 135 дена во Велес се со над дозволени граници на загадување „и секој трет ден Велес дише токсичен воздух“. На одговорност ги повика сите политички фактори досега и сите нивоа на власт за немањето желба, волја и идеи да се најде решение за деценискиот проблем.

„Убедливо сме најголеми рекордери по загадување на воздухот во Европа.Смртноста ќе ја намалиме само ако воведеме контролни механизаим и ако имаме нулта корупција“ - рече Смилев,  претставник од Здружението „Грин пауер“ од Велес.

 Извор МИА

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати