Намалување на загадувањето на воздухот, водата и почвата

Петар Печков

Претставници на повеќе граѓански организации дискутираа на тема „Одредување приоритети за спроведување на зелената агенда за секторите био диверзитет и намалување на загадувањето на воздух, вода и почви“, во рамките на Националната конференција за клима.


Целта на работилницата беше на интерактивнен начин да се спроведе консултација помеѓу организациите за нивните ставови за приоритетните активности во секторите заштита на биолошката разновидност и намалување на загадувањето на воздухот – два од петте солба на Зелената агенда за Западен Балкан на чие спроведување земјава се обврза со потпишувањето на Софиската декларација.

Претставници од граѓанските организации кои делуваат во засегнатите сектори зборуваа за предизвиците со кои се соочуваат за да се одредат главните приоритети на кои треба да се даде внимание.

Како приоритети во однос на загадувањето на воздухот беа посочени мониторингот на состојбите, инсталирањето на најдобрите достапни техники во индустријата согласно Директивата за индустриски емисии и спроведување на Стратегии за подобрување на квалитетот на воздухот. Посочено беше дека плански документи за директна акција во однос на загадувањето на воздухот имаат само три општини - Скопје, Битола и Тетово. Тие се веќе дури и застарени, а од нив е имплементирано едвај 10 проценти. Како директна последица, немаме сеопфатна стратегија на локално ниво.

Во однос на водите, главни приоритети се инвестирање во пречистителни станици и за земјоделството и за урбаните отпадни води, но и мониторингот на водите кој пак бара соодветна инфраструктура.

Земјоделството е еден од најголемите загадувачи на водата. Ние си правиме самите на себе штета, преку понирање на водата во подолните слоеви на почвата, тоа повторно ни се враќа преку храната, посочи д- р Петра Поп Ристова од „Милиеуконтакт Македонија“. „Мора да се инвестира во смарт земјоделство“

Во однос на почвите  еден од првите приоритети е Закон за почви, кој би ја уредил реставрацијата на почвите. Исто така, еден од приоритетите и одржливото производство на храна.

Ана Чоловиќ-Лешоска од „Еко-свест“ се осврна на конфликтите помеѓу заштитата на биодиверзиетот и постигнувањето повисоко учество на обновливите извори во производството на енергија. Треба да се прави длабок скрининг и енергетско просторно планирање – посочи таа.

Независниот експерт Сашо Петровски - претставник од РЕФОРД -Регионален центар за шумарство и рурален развој зборуваше за предизвиците во одржливото управување со шумите. Потребен е редовен мониторинг на состојбата на шумските екосистеми, зајакнување на соработката на истражувачките институции, зајакнување на мерките за заштита на шумите од абиотски и биотски фактори и постојана работа на зајакнувањето на свеста кај луѓето за одговорност кон шумските екосистеми, пред се, во заштитата од пожари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати