На автопат Гевгелија- Скопје возачи возат и со 200 км на час

Петар Печков

На автопат Гевгелија -Скопје има возачи кои „летаат“, со нивните автомобили. Ова го покажала контролата која во петокот и саботата е извршена на оваа делница, од страна на сообраќајната полиција. Во одделени случаи возачите возеле и со 200 км/ч.

„Во текот на саботата, 3-ти април, спроведена е  зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско- Прилеп за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возила. Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  

Иста таква контрола на истите делници,  е спроведена и во петокот на ден  2-ри април, при што се  санкционирани 142  возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“ - соопштија од МВР.

Од таму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и  апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати