Не почествувате со награда за Денот на Општина Велес, веќе од денес ќе побарам лична карта за станам жител на градот, кажа една од добитничките на спомен плакета Весна Мојсова Чепишевска

Петар Печков

За 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес, се одржа свечена академија, на која беа доделни признанијата за придонес во рзвојот на градот. На почетокот се обрати градоначалникот  Марко Колев, кој на граѓаните им го честита овој ден 81 година слободен Велес, но и на добитниците на наградите и признанијата. Тој кажа и што планира во првиот период од неговиот втор мандат. 

„Завршување на подземната катна гаража во средината на аследната година и да изградиме плоштад,  да продолжи изградбата на кејот на реката Вардар од левата страна,  да го реконструираме Градскиот парк, да создадме спомен шума во Керамидна, да ја реконстриураме спортска сала Гемиџии, обиколница за Чашка, дом на културата.. “ – рече  Колев,  

Авторите на тритомникот за Рацин, Весна Мојсова Чепишевска, Искра Хаџи Бошкова Тасевска и Венко Андоновски, со Катица Ќулавкова како уредник на изданието  добија спомен плакета на Општина Велес, за 9-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Велес, признание за нивниот труд.  Безмалку четири децении и требаше на Македонија, да издаде  нов  труд посветен на Рацин. Последен пат е тоа случено 1987 година кога е издаден шесттомник. Наградата ја примија Мојсова Чепишевска и Искра Хаџи Бошкова Тасевска, додека Ќулавкова и Андоновски не биле во можност  вчеравечер да допатуваат во Велес.

„Ова за нас е голема награда.   Кога ја пишував биографијата на Рацин, се навратив на велешките сокаци  и сите места каде Рацин творел, живеел. Веќе од утре ќе поднесам барање до градоначалникот за нова  лична карта, да станам жител на Велес со  адреса, улица - Сокаче на поезијата (сокакот кој води до куќата на Рацин з.а.)  број- куќата на Солеви, град -Велес. Со ова признание не` удостоивте да станеме жители на Велес“ – кажа Весна Мојсова Чепишевска, при добивањето на спомен плакетата. 

Таа потсети кој  се учествувал во создавањето на ова дело, Тони Васиќ како ликовен уредник, Иван Антоновски како соработник, потоа дека тритомникот е издаден со финансиска помош од приватни лица, Ана Заковска и Коста  Кипровски, на кои им се заблагодари за помошата, изданието е  на МАНУ. 

Првиот том биографијата на Рацин е покриена  од Весна Мојсова Чепишевска,  поезијата на Рацин е изработена од Венко Андоновски а есеистиката, научната работа, публицистиката на Рацин е пишувана од  Искра Хаџи Бошкова Тасевска.  Спомен плакета 9-ти ноември доби и инжинерот Бошко Цилаков.  

Наградата за животно дело „Гемиџии“  ја доби актерот Петар Темелковски. Тој се заблагодари во името на сите наградени.  Награда за најстудент за Марко Инѓилизов кој студира во САД.

Беа доделени и благодарници за ДСУРЦ Коле Неделковски за 60 години постоење, СЕУ Јовче Тесличков за 65 години работа, Градската библиотека Гоце Делчев за развој на културата во Велес, Јасмина Дамјановска за нејзиното дело 70 години Историски Архив на Велес,  Миле Манчевски за 40 години работа со карикатурата, Лила Арсова како претседател на Клубот на писатели Коста Солев Рацин и нејзиниот ангажман на ширење на култруните вредности, Мото Клубот „Носачи на крстот“   и пофалници за 9-то Ноември за Маријана Нацева за придонес во развојот на женскиот фудбал, атлетичарот Трајче Илијевски и Киноверзум Велес. 

Во чест на добитниците прекрасен концерт изведе Битолскиот оркестар "Дива" со солистите Андријана Јаневска, Ана Петановска, Димитар Андоновски, Полина Тасева и Никола Перевски - Пере. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати