Ниту пет години од почетокот на изградбата на водоводот до селата Бузалково и Раштани, водата за пиење ја нема

Петар Печков

Жителите на селата Булзалково и Раштани, ни по пет години од почетокот на изградбата на водоводот,  уште не можат да пијат квалитетна  вода од градскиот водовод. Иако осум  години, државата преку нејзините институции  го  реализира проектот за решавање на ова прашање, тој не е завршен.

„За нас приоритетно е да добиеме вода за пиење. Бараме уште од 2017 година.  Таа  што ја имаме е од бунари, секој дом има пробиено свој сопствен, но не е испитана водата, дали и колку  квалитетна.  Има бројни случаи на болни од нездрава вода за пиење. Немаме ниту доктор, па мораме до Велес да патуваме да се лекуваме. Во јули 2020 дојде тогашниот министер за транспорт Сугаревски и најави дека за осум месеци, може и порано, ќе добиеме квалитена вода за пиење. Сега сме октомври 2024 година, вода нема“ – велат жителите на Бузалково.  

Селото брои 300 куќи и има околу две илјади жители.  Водата од сред село, од чешмата е подолго време забранета за пиење.

Според објавените анализи на Центарот за јавно здрваје  Велес, за квалитетот на водата од селските водоводи за 2023 година,  во Бузалково  од десет испитувања, водата од бунарот од училиштето и двете природни чешми, сите  примероци биле неисправни. Во блиското село  Раштани, кое исто така со години чека вода за пиење,  од 15 испитувања, четири на водоводот кој е без хлорирање и 11 на трите селски чешми, сите примероци  биле  неисправни.

Министрите се сменуваат, постапката е започната и е во тек, но вода во селата нема.  Вкупната должина на цевководот изнесува 10 км, износот за инвестицијата беше 30 милиони  денари, средства добиени преку Министерство за транспорт и врски, односно преку проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води’“ преку Европската инвестициона банка. Постапката  за градба , со добивање на неопходните дозволи  започна во 2018 година.

„Досега 250 илјади евра се вложени и треба да се заврши работата. На сегашниот министер за транспорт му велам гревота е за 15 милиони денари, да не се заврши водоводот, и Раштани и Буалково да добијат вода, тоа се развиени села. Прашање е на ден, кога ќе се потпише анекс на договорот со постојната фирма, затоа се брза да се склучи договор за да се заврши работата, водводот.   Тоа што се бараше  беа технички работи, тоа  е завршено пред две години, останува да продолжат активностите. Треба да се реши  водоснабдување на двете села и луѓето да добијат квалитена вода за пиење“ – кажа  градоначалникот на Велес Марко Колев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати