Новиот акционен хит филм на Марвел со супер јунаци „Тандерболти“ премиерно пред велешани во Киноверзум

Петар Печков

По паузата за 1 мај, Киноверзум со три филма во наредните шест дена, на репертоарот. Една премиера и два тековни филма кои се на врвот по гледаност во светот.

„Тандерболти“  е  акционен филм за истоимената екипа од филмскиот универзум на Марвел. Се работи за своевиден продолжеток на филмовите Ant-Man and the Wasp, The Falcon and The Winter Soldier и Black Widow. Ова е триесет и шести филм од Марвел и петнаесетти филм од петтата фаза. Филмот  ги претставува Баки Барнс, Јелена Белова, Џон Вокер и останатите членови на неусогласената група херои и злосторници, обединети во намерата да се борат за доброто. Група супернегативци се регрутирани да одат во мисии за владата.

Акциониот „Книговодител 2“ со двојниот оскаровец Бен Афлек и Џон Бернтал се враќаат во напнато и полно со акција продолжение на големиот хит Сметководител. Оттуѓените браќа, спротивни во секој поглед, мора да ги занемарат своите несогласувања и да здружат сили за да разоткријат смртоносен заговор. Со генијалноста на Афлек и сировата енергија и харизма на Бернтал, ова долго исчекувано продолжение ќе ви пружи напнатост и возбуда до самиот крај.

Трет филм кој е на репертоарот е мега хитот Мајнкрафт, кој еден месец се прикажува во Киноверзум.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати