Нови три стрип изданија на Стрип центарот

Петар Печков

Стрип центарот на Македонија од Велес  издаде  три нови стрип  списанија ,,Стрип креатор'' бр.37 и 38 и ,,Стрип алманах'' бр.8.  Тие се едни од малкуте стрипови кои ги претставуваат стрип авторите од Македонија. Во овие три  стрипови се наоѓаат и дела на автори од Србија, Хрватска, БиХ, Романија, Грција. 

„Стрип креатор е единствена постојана стрип публикација кај нас која излегува од 2003 каде  македонски автори континуирано ги објавуваат своите стрип дела, некои од нив и дебитантски. На македонски јазик се објавуваат подобрите странски но и домашни автори од традиционалниот мегународен стрип конкурс . Ревијата Стрип алманах  е издание каде  се застапени  стрипови на македонски автори создадени на мегународната стрип колонија во Велес. Ме радува што има се повеќе девојки стрип цртачи“- вели ване Трајков, претседател на  Стрип центарот на Македдонија од Велес .

Стрип изданијата се финансирани преку Годишната програма за издаваштво на Министерството за култура и туризам.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати