Нови шест случаи со ковид-19 во велешко, починат е еден пациент

Петар Печков

Во велешко денес, среда  се регистрирани шест  ново заразени  лица, позитивни на ковид-19, оздравени се четворица пациенти. Ова се податоците кои  ги соопшти Министерството за здравство. Во велешко активни се 236 случаи а досега 3.306 лица биле заразени.

Денес Министерството за здравство објави дека на клиниките во Скопје е починат 66 годишен жител од Велес, позитивен на ковид-19. Тоа е 108-та жртва од велешко,  на последиците од корона вирусот. 

Од велешката Болница  соопштија дека во кај нив  хоспитализирани се  39  пациенти  од кои на Инфективно  се  34 а на Интерно одделение петмина. Од лежечките пациенти  30 се потврдени позитивни, шестмина се сомнителни и тројца  пациенти  се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се осум  пациенти.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати