Одбележани 83 години од штрајкот на велешките гимназијалци (фото)

Петар Печков

Велешката гимназија одбележа 83 години од штрајкот на велешките гимназијалци. Тој се случи на 14 март 1942 година, кога тогашните ученици го кренале гласот од одлуката  да учат на бугарски јазик.  Таа била донесена од страна на тогашните бугарски власти,  кои раководеле во  окупираниот  Велес.

„Не сме овде само да потсетиме на еден историски момент, туку и да го нагласиме значењето на знаењето, слободата и младешката храброст. Нашата гимназија не е обична образовна институција, туку најстара во Македонија. Започнала со образување на велешките деца во далечната 1857 година, како прва лулка на просветителство и образование во Македонија.  Низ нејзините клупи минале генерации ученици кои подоцна го формирале културниот,  научниот, образовниот, опшествениот живот  во земјава. Гордоста што ја носиме како наследници на Кочо Рацин, симболот на  борбата, мудроста и прогресот, дава обврска да ја чуваме историјата и ја пренесуваме на идните генерации.  Младите отсекогааш биле и ќе бидат силата која носи промени“ – кажа Илија Попов директор на Гиманзијата.

Во продолжение на настанот, беше изведена претставата „Штрајкот на велешките гимназијалци“, работена по текст напишан од учениците Кристијан Мартинов, Ива Илиевска, Теодора Панова  а режирана од професорите Цветанка Карамаркова и Весна Попова. Настапија ученици од Гимназијата. Како дел од претставата беше и оркестарот од училиштето по избор на музика од професорот Атанас Зафиров.

По завршувањето на претставата во фоајето ан театарот, беа излоижени дела од Државен архив Велес.
„Ова се оригинални докуметни од 1919 до 1944 година од работа на гимназијата. Од Кралството на СХС до завршувањето на Втора Светска војна“ рече Јасмина Дамјановска раководител на Државен архив одделение Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати