Откриени нови премини и скали во античкиот театар во Стоби, вратени се и 19 блока седишта

Петар Печков

Завршија годинашните истражувања на античкиот театар во локалитетот Стоби. Во текот на шесте месеци, стручните лица од НУ Стоби,  предводени од  Гоце Павловски во делот на археолошките истражувања, пронашле нови премини и скали од театарот.

Овие откритија  ја потврдуваат тезата дека објектот имал сличен систем на циркулација со други објекти за масовна забава како амфитеатри и театри од западниот дел на империјата. По напуштањето на театарот во втората половина на 4-иот век, коридорите биле користени како дел од живеалиштата на населението. Дел од сочуваните ѕидови беа откриени до височина од околу шест  метри и сè уште не се целосно отворени - вели Павловски. Археолошките истражувања  годинава биле фокусирани на потпирање на галеријата. Овие коридори биле лоцирани под горниот дел од гледалиштето и овозможувале пристап на публиката од надворешноста на објектот до седиштата. Истовремено  се одвивале и конзерваторско – реставраторските активности, на два дела од античкиот театар. Акцент бил ставен на реставрација и реконструкција на долниот дел од гледалиштето, на  лежиштата за седишта од 12-ти до 18-ти ред. 

Деветнаесет  оригинални блокови од седишта, отстранети поради опасност при истражувањата во 2012 година, беа вратени во својата оригинална положба. Конзервацијата на ѕиданите делови од овој дел на театарот е комплетирана и овозможува реконструкција на мермерните седишта со што театарот ќе може да се ревитализира и да биде простор за современи културни настани - вели д-р Трајче Нацев раководител  во делот на конзерваторските зафати. Вториот пункт каде што се работело изминатата половина година  е сценската зграда каде беа конзервирани остатоците од тремовите. Овие ѕидови, лоцирани на источниот и западниот крај, долго време биле  изложени на атмосферски влијанија и се наоѓале во лоша состојба. Со санацијата  годинава, тие се целосно заштитени.

Активностите од Проектот за конзервација, реставрација и археолошки до истражувања на римскиот театар во Стоби се одвиваше  во периодот од 15-ти мај до 17-ти ноември со финансиска поддршка од 3,8 милиони  денари од Министерството за култура. Во проектот освен  стручни лица од НУ Стоби,  како надворешни соработници учествувале и  стручни лица од Универзитетот Квинс во Канада.  Предвидено е следната  2020 година да се работи на ѕидовите на горниот дел од гледалиштето и мермерните елементи на сценската зграда.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати