Патничкиот воз за Кочани, вчера попладне излета од шините, повредени нема

Петар Печков

Патничкиот воз, од Велес за Кочани  вчера попладне  излетал од шините. Настанот се случил околу 17,20ч. на делницата од Велес кон Штип, во делот на Овче Поле.  Неофицијалните информации се дека меѓу десетината патници кои биле во единствениот патнички вагон, нема повредени. Од Македонски Железници АД Транспорт ја потврдија информација.

„Излетан е патнички вагон, на релацијата кон Кочани.  Конкретни информации немаме бидејќи се врши увид од страна на  ЈП Македонски Железници -Инфраструктура. Се работи на санирање на вонредниот настан“- кажаа од МК АД Транспорт.  


Поради  излетувањето на патничкиот вагон, железничкиот сообраќај од и кон Кочани од вчера попладне  е во прекин.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати