Победа за одбојкарите на ГОК Борец над скопски ОК Вардар

Петар Печков

Победа и пораз за одбојкарите на ГОК Борец. Два натпревари вешките одбојкари одиграа изминатите денови и забележаа победа од 3:1 ( 16, -24, 22, 17) над скопски ОК Вардар во гости и пораз дома од ОК  ЏИО  Струмица со 1:3 ( -23, 18, 17,20). Ова беа средби од 10-тото и 11-тото коло од втората фаза на разигрувањето а до крајот останува уште еден натпревар со ОК Универзитет Тетово дома викендот.    По ова претпоследно коло, ГОК Борец останува четврти со осум победи од 20 натпревари.

Во 18-тото коло до Првата футсал лига, два порази за двете велешки екипи. КМФ Кеги моби загуби дома  од лидерот КМФ Проект со 0:11 додека КМФ Велес загуби од  КМФ Шкупи со 3:10. По ова коло КМФ Велес е осми со 21 бод а КМФ Кеги моби е деветти со 15 бода. Поради настапи на футсал репрезентацијата, следи пауза во домашното првенство.

Фудбалерките на ЖФК Борец ова коло беа слободни а кошаркарите на КК Борец требаше да играат во Кавадарци, против КК Про баскет, но натпреварот е одложен. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати