Повторно контролирани возачите за исправноста на возилата

Петар Печков

Нова сообраќајна акција, за тоа колку возачите се исправни при управување со возилата. Ова е втора за седум дена, во претходната, шестмина возачи во Велес беа казнети. Сега се деветмина.

Средата на 3 јули  во периодот од 8 до 14 часот полициски службеници од СВР Велес извршија контрола на техничка исправност на возилата, при што се изречени 30 казни за неисправни уреди за сопирање, неисправни составни делови, измината важност на сообраќајна дозвола и не носење сообраќајна дозвола и нерегистрирани возила. Од вкупниот број на казни, девет се изречени во Велес, 11 во Кавадарци и 10 во Неготино- соопшти МВР. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати