Полициски час во продолжениот празничен викенд од недела од 11 ч до вторник до 5 ч

Петар Печков

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил објави дека за овој викенд се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, во 11:00 часот до вторник, до 05:00 часот.

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, истакна Спасовски.

Тој посочи дека во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

Комисијата за заразни болести бараше овој викенд полицискиот час да трае од сабота од 19ч. до вторник до 5ч.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати