Петар Печков
Објавено: четврток, 08 мај 2025
Една премиера, на анимиран филм и трите најгледани изминатиот период во светските кина е понудата на Киноверзум Велес за следните седум дена.
„Хокус-покус Диплодокус" e полски анимиран филм, синхорнизирн на македоснки. Диплодокус е мал, љубопитен диносаурус чии родители исчезнале под мистериозни околности. Тој живее во стрип направен од потценетиот уметник Тед. Поттикнат од неговиот издавач дека неговиот стрип го кочи, Тед ја зграпчува гумата за бришење... Диплодокус открива дека може да се телепортира од стрип во стрип кога ќе запознае волшебник и еден необичен научник, со кои тргнува во неверојатни авантури.
„Тандерболти“ е најгледаниот филм измиантито викенд, акција за истоимената екипа од филмскиот универзум на Марвел. Се работи за своевиден продолжеток на филмовите Ant-Man and the Wasp, The Falcon and The Winter Soldier и Black Widow. Ова е триесет и шести филм од Марвел и петнаесетти филм од петтата фаза. Филмот ги претставува Баки Барнс, Јелена Белова, Џон Вокер и останатите членови на неусогласената група херои и злосторници, обединети во намерата да се борат за доброто. Група супернегативци се регрутирани да одат во мисии за владата.
Акциониот „Книговодител 2“ со двојниот оскаровец Бен Афлек и Џон Бернтал се враќаат во напнато и полно со акција продолжение на големиот хит Сметководител. Оттуѓените браќа, спротивни во секој поглед, мора да ги занемарат своите несогласувања и да здружат сили за да разоткријат смртоносен заговор. Со генијалноста на Афлек и сировата енергија и харизма на Бернтал, ова долго исчекувано продолжение ќе ви пружи напнатост и возбуда до самиот крај.
Четврт филм кој е на репертоарот повеќе од еден месец е мега хитот Мајнкрафт.