Поставена е нова спомен плоча за партизанот Мицко Козар на Долна Бабина Рупа (фото)

Петар Печков

Празникот 11-ти октомври 100-тина  почитувачи на антифашистичка борба и на  планините, го минаа на Јакупица, во подножјето на Солунска глава. Имено во месноста Долна Бабина рупа на иницијатива  на екологистите од Грин пауер, се постави спомен плоча на партизанот  Мицко Козар.

Откако иста таква беше поставена во 2000-тата,  на местото каде во 1943-та било пронајдено  телото  на Мицко  Козар, кој   една година претходно настрадал на 31 година возраст  во борбите  во богомилско. Толку време   неговото тело не  било  пронајдено  во шумите на планината.

Поради тоа семејството на братот од Мицко, Благој Козар  поставува  спомен плоча во 2000-тата која,  пред две години вандали  ја кршат. Со помош на фирмата Крин од Прилеп  се изработува нова спомен плоча, која вчера на  11-ти октомври беше поставена на старата локација.

На овој чин присуствуваа  планинари  од повеќе градови во земјава. Плочата  тешка десетина килограми  по висока угорнина и тежок предел  за пешачење ја носел Игор Смилев од ЕГ Грин пауер.    

Мицо Козар бил командант на најголемиот партизански одред во 1942-ра „Димитар Влахов, револуционер кој е најстариот учесник во нападот на затворот, полициската станица (участакот) и поштата на 11 октомври 1941 година во Прилеп.

Тој е еден од симболите на македонскиот отпор и  докажан и пожртвуван визионер за слободна Македонија. Пиштолот со кој Мице Козар го започнал Народното востание е сега реликвија во меморијалниот музеј „11 Октомври“ во Прилеп.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати