Превентивна активности за безбедноста во сообраќајот под мотото „Вози одговорно, патувај безбедно“ и „,Биди подготвен за безбедно патување во зима“

Петар Печков

На подрачјето на Велес реализирана е превентивна активности од областа на безбедноста во сообраќајот под мотот - „Вози одговорно, патувај безбедно“ и ,,Биди подготвен за безбедно патување во зима".

„Полициските службеници во непосредна комуникација со возачите укажуваа за потребата од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се од аспект на личната и колективната безбедност во сообраќајот, особено сега во зима, кога условите на патиштата бараат максимална внимателност, како и почитување на нормираните одредби за сезонско користење на зимска опрема и зимски пневматици во периодот од 15.11. до 15.03“ - соопштија од МВР.

НА возачите им биле поделени едукативни летоци изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со корисни информативни содржини во интерес на безбедноста во сообраќајот.

Акцијата е реализирана од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

 фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати