Превентивна акција „Носи кацига при управување со мопед или мотоцикл“

Петар Печков

Hа подрачјето на Велес беше спроведена сообраќајно превентивна акција „Носи кацига при управување со мопед или мотоцикл“. 

При нејзината реализација  на возачите на мопеди или мотоцикли им беа делени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.

„Полициските службеници на граѓаните учесници во сообраќајот им укажуваа на важноста од почитување на оваа законски регуларана безбедносна мерка, кај оваа категорија на учесници во сообраќајот. Согласно искуствата од практиката дека носењето на заштитниот шлем спасува живот и претставува заштита од различни видови на повреди“„- соопштија од МВР.

Eдукативната акција е спроведена од  полициски службеници при Отсекот за превенција и полициски службеници од Полициската станица за БПС при СВР Велес.

фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати