Петар Печков
Објавено: среда, 22 јануари 2025
Вонредно, зимски се испраа улиците го Велес, поради отстранување на материјал кој придонесува за аеро- загаденост. Со подобрувањето на временските услови ќе продолжи перењето на велешките улици, најави градоначалникот Марко Колев.
„Се реализира вонредно перење на улиците во градот кое е потребно за да се исчитат од материјалот наталожен од загадувањето на воздухот. Дадов таква наредба на ЈКП Дервен, кога имаше можност да се изведе, мислам на температурите. Кога паднаа на нула и пониско, тоа не можеше да се продолжи. Метеоролозите најавуваат дека наредните денови ќе се покачат дневните температури а со тоа ќе се продолжи со перењето на улиците. Препорака до граѓаните е наутро и приквечер да не излегуваат без потреба, оти тогаш се највисоките вредности на загадување“ - кажа Колев.
Овој месец јануари има високи вредности на загаден воздух, кој влијае на здравјето на граѓаните.
фото архива ТрМр