Прекршочни за навивачите кои ја прекинаа ракометната средба

Петар Печков

 Деветмина навивачи  членови на навивачката група  ,,Гемиџии,, од Велес заработија прекршочни пријави, бидејќи насилно влегоа во теренот на салата ,,Гемиџии,, соопштија од СВР Велес.

Навивачите  во саботата на ракометниот натпревар Борец – Куманово во 46,46 минута влегоа на теренот незадоволни од залагањето на домашните ракометари и поразот кој се насетуваше. Еден од нив и го турна судијата Колевски од Скопје.

Поради ова средбата беше прекината. Заради нарушување на јавниот ред и мир и  прекршок на Законот за спортски натпревари, сите тие ќе одат на суд. Од полицијата велат дека бројката од двете пријави не е конечна, бидејќи по прегледувањето на снимките и идентификувањето на насилниците тие ќе поднесат и други прекршочни пријави.

Дел од нив веќе одговарале во Основниот суд во Велес заради идентични прекршоци, пролетва од одбојкарската средба Борец- Шкендија, кога исто така насилно влегоа  на теренот и искршија стотина пластични столици.

Поврзани »

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2025 година

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2025 година

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати