Премиера на трилерот „Балерина“ и хоророт „Кловн во полето со пченка“

Петар Печков

Две премиери во Киноверзум наредните седум дена а се прикажуваат и најгледаните два филма во светот

Премиерно заедно со светот, акцијата трилер „Балерина“ со Ана де Армас, Анжелика Хјустон, Киану Ривс. Млада жена  бара одмазда против луѓето што го убиле нејзиното семејство. Филмот е петтиот дел од франшизата за Џон Вик, кој служи како спин-оф сет помеѓу настаните на Џон Вик: Поглавје 3 – Парабелум и Џон Вик: Поглавје 4.  

Втората премиера за за хоророт „Кловн во полето со пченка“.Станува збор за адаптација на романот „Кловн во полето со пченка“ од Адам Чезаре од 2020 година. Квин и татко ѝ се селат во малиот, здодевен град Кетл Спрингс, но не се свесни дека откако ја затвориле фабриката Бејпен, градот е поделен на два дела. Од една страна се возрасните, очајни повторно да го направат Кетл Спрингс прекрасно место. Од другата страна се младинците што сакаат забава и да го напуштат Кетл Спрингс. Судирот помеѓу нив се заканува да го уништи градот... Сѐ додека Френдо, маскотата на фабриката Бејпен, морничав кловн, не стане убиствено настроен и не се обиде да го „исчисти“ градот од „расипаното“ поколение младинци што сега живее таму.

На репертоарот се и Лило и Стич, дело на студиото Дизни, најгледан филм во светот изминатите две  седмици, по премиерата. 

 И акцијат со Том Круз како Итан Хант во Невозможна мисија –финална одмазда кој е на второ место по гледаност.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати