Претпладнево земјотрес близу Демир Капија

Петар Печков

Претпладнево после 10ч. земјотрес е почувстуван во околината ан Демир Капија. Јачината според Европските мерни станици е 3,2 на длабочина од 6 км. На 93 км источно, југо источно од Скопје и на 13км северено, североисточно од Демир Капија во близина на Конче. Според нив земјотресот бил во 10:07:02 часот. 

За истиот земјотрес стигна информација од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, чија  телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на  територија на државата, утринава на 11.10.2024 година, во 10 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Неготино и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати