Претседателката Гордана Силјановска Дафкова како врховен командант на армијата во посета на Велешката касарна (видео)

Петар Печков

Армијата има најголема доверба кај граѓаните бидејќи таму се почитуваат редот и поредокот, кажа претедателка на државата Гордана Силјановска Давкова, која како врховен командат на армијата беше во традиционална новогодишна посета на некој од воените објекти во земјава. Таа денес беше во посета на велаштак касарна Алексо Демниевски Бауман и Командата за обука и доктрина. 

„Во армијата има поинакви правила одошто во политиката, образованието, науката. Тука има хиерархија,  субординација, почитување на одлуките, или ред и поредок. Армијата е многу успешна приказна“ – дополни Силјановскса Дафкова.  

За нејзите проценки во очекувањета за приближување до ЕУ, претседателката кажа дека процесот  зависи и од состојбите во Европа. Никој не се надевал, ниту верувал дека во 21. век ќе има војна, како и двојни стандарди во третирањето на жртвите, во време кога се маргинализираат ОН и меѓународното право.

Традиционално при посетата претседателот на државата на првиот ден од годината на некој воен објект, дарува подарок на домаќинот, овој пат  донацијата беа  стотина книги белетристика.

„Книгите се мојот живот, нема поголем пријател од книгата.  Учени луѓе, луѓе кои читаат се толерантни.  Ќе ве насемаам, јас дури  подарувам книги на на свадби, знам дека е чудно, но тоа личи на мене и  тоа е најкорисно во нивниот живот“ – кажа Силјановска Дафкова. И ја најави реконструкцијата на Домот на АРМ во Скопје, каде е сместена воената билблиотека. 

„Имаме доста читататели, освен припадниците на АРМ, тука се и членовите на нивните семејства, кои барат нови наслови, атрактивни. Богати сме со стручна литература, но имаме потреба и од белетристика. Благодарам за оваа донација“ – рече  Каролина Петреска, началник на централна веона библиотека во Скопје. 

Силјановска Дафкова имаше средба и со новите 300 професионални војници на АРМ чија обука е во тек во велешката касарна.

Ваква посета во 2014 година на првиот ден од годината оствари тогашниот претседател Георги Иванов.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати