Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 мај 2025
Претставата „Рацин“, на велешкиот театар Јордан Хаџи Консантинов Џинот е селектирана за националниот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тој годинава се одржува по 59 пат во периодот од 6 до 13 јуни.Во конкуренција за награди се 14 претстави. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Смеј се и осмели се“.
Драматург на претставата работена по стихови на Рацин е Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски. Во претставата настапуваат и Исидор Јованоски, Кети Борисовска, Весна Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Славица Манаскова, Орхидеја Дукова, Кристина Зафирова, Илин Јовановски, Леонида Гулевска, Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски и Илина Чонкова.
Посебно впечатлива е музиката во претставата која се изведува во живо од Сашко Костов и Орхидеја Дукова. Претставата „Рацин“ премиерно беше прикажана на Охридско лето 2024 година.