Примопредавање на должноста командант на Командата за обука и доктрини (фото и видео)

Петар Печков

Во Велешката касарна Акексо Демниевски Бауман, се изврши примопредавање на фунцкијата командант на командата за обука и доктрина. Од денес на оваа позиција е бригадниот генерал Лулзим Нуредини, кој досега беше заменник командат. Со доаѓањето на местото командат Нуредини е унапреден и во бригаден генерал. 

„Да се биде командант на КОД  е чест, привилегија, голема одговорност,  има мисија и задача да организира, координира, реализира индивидуална обука на војници и питомци, подофицери и офицери од активниот и  резервниот состав Мисијата КОД ја исполнува во осум центри  кои претставуваат значајна алка во обуката и развојот на човечките капацитети на Армијата.  Ја преземам командат на КОД во период кога се врши најголемото опремување во историјата на АРМ со многу софистицирани средства, опрема и вооружување за кои неопходно е да се организираат и реализираат многу стручни курсеви и обука за оспособување  на персоналот за употреба и ракување со истите“ – кажа Нууредини.

Бригадниот генерал Лулзим Нуредини e роден на 5 ноември 1977 година во Кичево, каде и завршува основно и средио образование Своето школување го продолжува на Воената академија генерал Михајло Апостолски каде по завршувањето 2000 година е промовиран во прв офицерски чин, потпоручник. Потоа  својата офицерска кариера ја започнува во пешадискиот баталјон во Кичево.

„Сите предизвици кои овие две и пол години се појавија, заеднички ги совладавме со професионалност, лојалност, посветеност, чесност.  Додека бев командант низ центриге на Командата поминаа две илјади луѓе низ разни обуки“ – рече досегашниот комндант на КОД полковникот Васко Коколански кој заминува во Генералштабот на Армијата. Тој се заблагодари на сите со кој изминатите години соработувал.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати