Притвор за велешанец, кој се сомничи дека силувал сосетка

Петар Печков

МВР информираше дека е лишен од слобода велешанец, поради сомнение дека извршил силување на сосетка.

На 19-ти септември  полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С.(55) од Велес, поради сомнение дека извршил обљуба врз 64-годишна жителка на Велес, која  околу 11.00 часот го пријавила случајот во Полициска станица Велес - пишува во соопштението на МВР.

Основното јавно обвинителство од Велес до повеќе детали за настанот кој осомничениот го сторил во два наврати за два дена.,

Донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, поради постоење на основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело – Силување. Осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. На  17-ти септември околу 22 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден,  околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело - пишува во соопштението нa ОЈО Велес.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот имајќи го во предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на осомничениот, посебно фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело и да влијае врз текот на истражната постапка, до надлежниот суд доставил предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена - додаваат од ОЈО Велес.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати