Притвор за осомничен жител на село Сретеново –гевгелиско, за убиство, претепување до смрт на пријател

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против В.Р (55 год) од село Сретеново за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла го  лишил од живот починатиот Никола Тимев (53 год, инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле. Во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка. Осомничениот В.Р. најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал. Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди“ – соопштија од ОЈО Гевгелија.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата. Судијата одредил мерка притвор во траење од 30 дена. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати