Промовирана нова книга на Веле Алексоски

Петар Печков

Шестата книга по ред на проф. Веле Алексоски беше промовирана во медиотеката од велешката Библиотека Гоце Делчев.  Таа е насловена  ,,Во одбрана на македонскиот идентитет,, 

Моја главна преокупација е националната историја на македонскиот народ, од 19 век па наваму. Во оваа книга имам  застапени разговори, интервјуа со македонски патриоти кој сум ги среќавал по  Европа, Америка. Вториот дел се  раскази од пост воениот период по 1945-та година. Пишувам примери за национализација, колективизација, аграрна реформа по што целосно се запуштија нашите села – изјави Алексоски.

Тој а оваа книга работел 20 години, целиот период на негово творештво.  Промоцијата на книгата ,,Во одбрана на македонскиот идентитет,,  беше во рамките на Топлиот културен бран, помогната од Министерството за култура и Општина Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати