Семир Заќиров претседател на Советот на Општина Чашка

Петар Печков

Cе одржа првата конститутивна седница на новиот Совет на Општина Чашка со мандат 2025-2029 година. Беа верифицирани мандатите на следните Членови на совет: Семир Зеќиров, Арта Мифтари, Ибраим Исмаилоски, Зејнепе Бејлурова, Јетмир Идризов, Фадил Јашари  сите од коалиција НАИ, предводена од ДУИ, Трајче Мишкоски, Весна Темелковска, Виктор Маневски сите од коалиција Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фадил Тафоски, Биљана Петровска двајцата од коалиција за Локални избори 2025, предводена  од СДСМ). 

Ново избраните членови дадоа свечена заклетва. За Претседател на Советот избран е Семир Зеќиров  од коалиција НАИ, предводена од ДУИ. Новиот претседател е избран со 6 глазови ЗА и пет воздржани. 

На конститутивната седница на Советот присуствуваше и им го честита мандатот новоизбраниот Градоначалник Суат Шаќиров од  коалиција НАИ, предводена од ДУИ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати