Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 март 2025
Викендов младиот велешанец Слообдан Димовски и неговиот пријател од Нови Сад, Александар Граховац се искачија на врвот Стефани (2.908 м.н.б) на планината Олимп, во Грција. И двајцата се членови на Алпинистичкиот клуб „Велесин“.
„Врвот го искачивме преку класичната алпинистичка насока Комичи – Ешер. Условите не беа идеални – прашест снег, во кој бајлите речиси не држеа, и карпа покриена со тенок верглас. Постоечкото осигурување беше речиси невидливо под снегот, а опциите за поставување ново беа многу ограничени. Сепак, најголем дел од работата ја завршија руските куки.- клинови“ – вели Слободан Димовски Бобо.
Според тетратката на врвот каде се води евиденција за искачување и кажувањето на домарите од единствениот дом што работи во зима, ова е првото искачување на врвот Стефани преку Комичи – Ешер во 2025 година.
„Среќни сме што успеавме да реализираме вакво качување. Четиристоини метри по вертикала, 200 се по карпа и 200 по кулар. Многу адреналин, напор и на крај здоволство од освониот врв“ – рече Димовски.