Советот на Општина Велес донесе заклучоци против дезинформации за мигрантски кампови и политички манипулации

Петар Печков

На седница на Советот на Општина Велес со мнозинство гласови беа усвоени заклучоците против дезинформации за мигрантски кампови и политички манипулации. За заклучоците гласаа 13 советника, два беа воздржани а членовите на СДСМ ја напуштија салата за оваа точка. 

„Ниту претходниот премиер, ниту актеулниот, ниту претходната власт ниту сегашнат власт не побарале од Општина Велес, да има ваква тема и дисусија, ниту под точка разно“ – рече градоначалникот Марко Колев. 
На заклучоците реагираше советникот Јованче Манасков 

„Кога на претходната седница СДСМ понуди понуди предлог против згрижувањето на мигранти на територијата на Општина Велес, не помина, оти не сме  биле тие што одлучуваме, за сега да бидеме тие што одлучуваме. Ова е гол популизам. И СДСМ не ја тера тезата, како што кажа советнилката Милка од ЗНАМ наменски  за кафе мубет, туку инфорамциите ги пласираат Британски медиуми. И не знам зошто не се реагира до нив, каде што тие пишуваат, не потекнуваат од нас“ – рече Манасков. 

За потсетување септември 2017 година BMPO – ДПМНЕ  на седница на Совет изгласа референдум, граѓаните да се изјаснат дали сакаат  населба за бегалци во Велес.  Тој  никогаш не беше спроведен а требаше  да се гласа на 15 октомври 2017 година. 

    
Заклучоците кои беа донесени се

1. Се осудува лажната кампања и манипулативно дејствување на опозициски политички субјекти, преку кои во јавноста се пласираат невистини и инсинуации за наводно прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови на територијата на општините.

2. Се констатира дека ваквите дезинформации се шират свесно и континуирано, со цел создавање паника и чувство на несигурност кај граѓаните, што директно ја нарушува стабилноста и спокојство во локалните заедници.

3. Се потврдува дека на територијата на општина Велес нема, ниту било побарано, ниту е договорено, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или какви било трајни форми на сместување мигранти.

4. Се утврдува дека со овие заклучоци се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови и се потврдува јасна и непроменлива политика против нелегална миграција, во интерес на безбедноста на граѓаните.

5. Се изразува поддршка на политиките на Владата насочени кон спречување на нелегална миграција, заштита на државниот суверенитет и обезбедување стабилност и безбедност во локалните заедници.

6. Се истакнува дека меѓуетничките односи, стабилноста, толеранцијата и меѓусебното почитување се темелни вредности на локалната заедница и дека секое неодговорно политичко дејствување кое може да ги наруши овие односи претставува сериозна закана за општествената кохезија.

7. Се повикуваат сите политички субјекти, јавни функционери и јавни чинители да покажат одговорност во јавниот говор, да ги почитуваат фактите и да се возджат од ширење лаги и манипулации кои можат да предизвикаат страв, тензии и нарушување на јавниот ред во општините.

8. Овие заклучоци претставуваат јасна порака до граѓаните дека Советот на општина Велес стои цврсто во заштита на нивната безбедност, мирниот живот и стабилностана нашата локалната заедница.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати