Советот одлучи локалната власт да доделува бесплатни садници

Петар Печков

Советот на општина Велес донесе одлука за  бесплатно доделување на садници на граѓаните и правните субјекти од општината. Право на добивање на садници набавени од Буџетот на општината имаат физичките лица, жители на Општина Велес кои во тековната година , склучиле брак,  добиле новороденче, посвоиле дете, вдомиле  бездомно животно, купиле или изградиле станбен објект во индивидуално или колективно домување  и добиле признание за својата работа или учење од локални, државни или меѓународни институции.

Правните лица имаат можност да добијат десет  бесплатни садници ако имаат сопствени дворни површини или 20 садници ако имаат  решение за издадена Б- Интегрирана еколошка дозвола.

„Правилникот е донесен  со цел зголемување на зелените површини во градот и заштита на животната средина. На овој начин се зголемува бројот на засадени садници во градот и се зголемува бројот на нови зелени површини на територијата на Општина Велес“ - пишува во одлуката на Советот.

Граѓаните кои стапиле во брак можат да добијат една садница, за секое новороденче или посвоено дете во годината по толку садници, исто како и за секое вдомено бездомно животно. За граѓаните кои купиле куќа, стан или добиле признание за нивната работа добиваат по пет бесплатни садници.  Садниците ќе се доделуваат по пат на јавен повик, кој ќе се објавува еднаш годишно.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати