Сообраќајката кај тунелот во Катланово во која починаа тројца велешани, ОЈО Скопје је пренело да ја работи ОЈО Велес

Петар Печков

Сообраќајката која се случи на 16 октомври 2024, пред тунелот Катланово, на делницата од автопатот Скопје- Велес,  во која загинаа тројца велешани, ОЈО Скопје ја пренело да ја рааботи ОЈО Велес. Имало отворено истрага против едно лице возачот О.Д., кому му е одземен пасошот и возачката дозвола.

„Предметот во кој Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истрага против едно лице е префрлен на надлежно постапување во ОЈО Велес. Велешкото обвинителство во рамките на истражната постапка предложи мерки на претпазливост за осомничениот - одземање на патна исправа и на возачка дозвола. Дадена е наредба за машинско вештачење на возилото, како и наредба до Институтот за судска медицина по кои се постапува. Закажан е распит и на осомниченото лице, по што ќе биде донесена одлука“- соопштија од Јавното обвинителство на  Северна Македонија.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починаа сопатниците А.Н.(37 год), Ј.А.(47 год) и Д.Ц.(66 год), сите од Велес.

Со возилото марка форд транзит со скопски регистарски ознаки, беше  управувано од   О.Д.(32 год) од Велес. Со тешки телесни повреди се здобија возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59 год), В.З.(67 год). сите од Велес. Токму поради последиците од тешките повреди, на осомничениот О.Д.  му е изречена мерка одземање на патната исправа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

  • да
  • не
Резултати