Петар Печков
Објавено: среда, 05 февруари 2025
Вчера, вторник на пладне сообраќајка на регионалниот пат Градско – Велес пред приклучокот за патот кон Бабуна. Две лица се повредени, едно со тешки телесни повреди.
„Примен е повик во 13,37ч за две повредни лица во сообраќајка кај патот од Црквино за Велес. Дадена здравствена помош и транспортирани на доиследување во болница Велес“ – информира д-р Василка Пановска, началник на службата за Итна помош.
„На 04.02.2025 околу 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на клучка Караслари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило волво со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(28 год) од село Ваташа, кавадаречко и патничко возило фолксваген поло со скопски регистерски ознаки, управувано од Х.У.(61 год) од Косово“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник П.К.(60 год) од село Долно Соње, општина Сопиште, констатирани во Општата болница Велес.
„Околу 14,15ч донесени се двајца пациенти. Кај едното лцие извршени се рентген сниамње, лабараторија и констатирана е скршеница на фемур. Поради сложеноста на повредата препратен е на Клинички во Скопје. Второто лице минало со лесни повреди и е пушено на домашно лекување“ – кажа д-р Биљана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес..