Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село

Петар Печков

Министерот Тошковски упати извинување на граѓаните на Велес и побара да бидат трпеливи за надминување на  забраната за користење на мостот кај Башино село.

„Министерството за внатрешни работи во моментот преку специјалните единици учествува во подводни снимања на мостот со што ќе овозможи видео материјал на Градежниот факултет за да направи брз проект за санација и пуштање во употреба на мостот за сообраќај што се очекува да заврши за 60 до 90 дена. Во меѓувреме сообраќајот кој нема да се одвива преку овој мост ќе биде пренасочуван преку Велес, а полицијата постојано ќе го регулира сообраќајот со посебни режими со цел да не се наруши текот на сообраќајот и да нема застои во движењето на возила низ градот Велес“ - кажа  Тошковски.

Тој ги повика граѓаните на Велес и сите граѓани кои  имаат потреба да сообраќајот во овој регион да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои ќе учествуваат во регулацијата на сообраќајот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати